Хали Бери роди синче
Славниот холивудски пар Хали Бери и Оливие Мартинез, добија син. Како што пренесуваат американските медиуми, 47 годишната актерка се породила вчера во болницата Цедарс Синаи во Лос Анџелес.
За Хали Бери ова е второ дете, покрај петгодишната ќерка која ја има со канадскиот манекен Габриел Обри. На Мартинез ова му е прво дете.
Хали Бери и Оливие Мартинез се во брак од јули минатата година.
06.10.2013 - 13:58