Министерот Попоски се обрати на форум за енергетска ефикасност во Дубровник
Денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски учествуваше на меѓународниот Форум „Европска енергетска безбедност“, што се одржа во Дубровник.
Форумот го отворија претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ и на првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи Весна Пусиќ. Министерот Попоски во своето обраќање истакна дека гасот и струјата денес се тоа што јагленот и челикот беа пред 60 години.
- Колку ќе ги поврземе преку граници, толку ќе бидеме стабилни и просперитетни во регионот, рече Попоски.
Зборувајќи за политиките на енергетскиот сектор во Република Македонија, Попоски ја потенцираше поволната бизнис клима во нашата земја, а информираше и за гасификацијата во Република Македонија.
Инаку, македонскиот министер се сретна и со својот турски колега Ахмет Давутоглу со кој разменија мислења за повеќе аспекти од билатералната соработка, потенцирајќи го позитивниот тренд на успешни билатерални односи.