Осум странски компании заинтересирани за пругата Куманово-Бељаковце
Голем број компании се заинтересирани за тендерот за рехабилитација на железничката пруга од Куманово до Бељаковце. Засега за пругата понуди доставиле осум компании.
Се работи за компаниите „Актор“ и „Терна“ од Грција, „Штрабаг“ и „Пор“ од Австрија, Вибер“ од Германија, „Синохидро“ од Кина, „Субтера" од Чешка и „Ацилим“ од Турција.
Засега највисока понуда без попуст има понудено турската компанија Ацилим (58.319.595), а најниска германската „Вибер“ чија цена на понудата без попуст е 41.441.469.
Со реновирањето на овој дел од пругата што ќе опфати поставување нови шини и прагови, изработка на осум моста, изградба на три станици и три објекти за сместување на постројките за регулирање на сообраќајот, се очекува да се зголеми брзината на движење на возовите и да се постигне поголема сигурност на патниците.