МОСТ продолжува со кампањата „Вклучи се, ако си исклучен!“
Продолжува кампањата „Вклучи се, ако си исклучен!“ на граѓанската асоцијација МОСТ. За таа цел, денеска во Скопје пред Книжарница во Чаршија се организира отворен настан на кој сите заинтересирани ќе дознаат кои се предностите да се биде активен граѓанин.
Целта на проектот е да се даде придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.
Проектот започна да се спроведува на 15 септември, а е финансиран од ЕУ.
04.10.2013 - 09:49
Фото:
Новини