За девет месеци собрани 525 единици крв во Гевгелија

 

Во период од девет месеци годинава во Гевгелија се собрани вкупно 525 единици крв. Само во текот на минатиот месец донирани се 28 единици крв во службата за трансфузиона медицина при општата болница во Гевгелија.

Надлежните од гевгелискиот Црвен крст соопштија дека до крајот на годината ќе организираат уште четири дарителски акции во гимназиите во Гевгелија и Богданци,во текстилната фабрика „Бреботекс“ во Богданци и во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.

Инаку, оваа бројка годинава не е рекордна но според Црвениот Крст е задоволителна.

03.10.2013 - 14:56
Фото: 
Денешен

најчитано сега