„Од примерен сосед стана двоен убиец“ - кумановчанец застрела две сосетки и се самоуби
42 годишниот Маријан И. од кумановската населба Бадиње, вчера убил две свои сосетки а потоа пиштолот го свртел кон себе и се самоубил, објавува Дневник.
Според весникот, Маријан вчера наутро дошол во куќата на својата сосетка, 39 годишната Фросина С., каде била и Валентина С. Тој, по кратко време ги застрелал двете жени, а потоа и сам си пресудил. Маријан се самоубил пред полицијата да пристигне на местото на настанот.
Жителите на Бадиње не сакале да шпекулираат што се случило пред убиствата, јавува Дневник. За настанот се вртеле неколку верзии, но, засега ниту една не е официјална. Маријан не бил женет, но, не бил во врска со двете жени, туку биле само соседи.
- Беше мирен сосед, не правеше проблеми и не знам како од примерен граѓанин дојде да убие две жени и да се самоубие, изјавил еден од жителите на кумановската населба, пренесува Дневник.
Оваа трагедија ги потресе кумановчани. Во Македонија многу ретко се случуваат двојни убиства, но имало случаи на убиства и самоубиства.