Наредната година НАСА ќе го испрати првиот 3Д печатач во Вселената

 

НАСА од наредната година ќе го испрати првиот 3Д печатач во вселената.

 Печатачот ќе биде со големина на тостер ,а со негова помош би требало да се намалат трошоците за испраќање алат и резервни делови кои им се потребни на астронаутите.Печатот ќе служи како  „летечка фабрика“, која ќе прави предмети извлекувајќи слој по слој пластика од долги низи замотани околу големи калеми. Калемите пластика би можеле да ги заменат бројните дополнителни инструменти и хардверот.

 Овој 3Д печатач би требало да пристигне во  вселената во 2014 година.

 

30.09.2013 - 09:54

најчитано сега