ФОТО: Никогаш, ама никогаш не раскинувајте преку СМС - еве зошто
Дваесет и шест годишната QUIN WOODWARD од Вашингтон е блогерка чија приказна може да биде поучна за сите машки кои намераваат своите девојки да ги остават или им раскинат преку СМС пораки.
Имено откако пред неколку дена почнала да се гледа со некој тип, со кого се сретнала во бар и двајцата се договориле нејзиниот роденден да го прослават заедно надвор од градот. Сепак пред да се случи тоа, тој и испоратил порака во која ја прекинува нивната врска.
Тој сепак не бил подготвен на врска, но бил уверен дека таа тоа брзо ќе го преболи иако таа е „забавна, паметна и кул девојка". Тоа беше моментот на пукање за Quin. После некое време „размислување" и кога се „опоравила од шокот заради кој била парализирана" одлучила да му одговори:
- Ти благодарам што се грижиш и сакаш да ми го расипеш роденденот. Како 25-годишна која објавила две книги и има свој стан, врската која ја планирав за нас после две видувања би требало да биде врв во мојот живот. И иако со ништо не предизвикав, мислев дека секси пораките кои ми ги испраќаше од службениот мобилен се прилично слатки, но извршниот одбор во твојата фирма би можеле да помислат дека твоите пораки кои им ги испратив сепак малку се стари.
-Јасно, јас сум девојче, хистерична и преплавена со емоции која не можеше да не се заљуби после поминатите вкупно 20 часа заедно. Поточно, извини, ја сум жена. Девојче е онаа деветгодишна која ја имаш дома, која еден ден најверојтно исто така, ќе излегува со катастрфа која ги обезвреднува жените и себе си се издигнува во небесата, каква си и сам. Среќно, навистина.
Типот и пратил порака дека повеќе не сака да ја види, а таа од освета, секси пораките ги испратила на неговите шефови. И потоа приказната ја објавува на својот блог.