Почина турскиот актер од серијата Езел
Познатиот турски филмски и театарски актер, Тунџел Куртиз почина денеска во 77-та година од животот, јави Анадолија.
Во богатата актерска кариера Куртис играше во голем број филмови и серии, а секој лик кој го играше остана одбележан со неговата кариера и развиена наративна способност.
Меѓународна слава ја стекна со улогите во сериите „Хаџи“ и „Аси“, а незаборавни се и ликовите Рамиз Караески од серијата „Езел“ и Ебусуд ефенди од популарната серија „Величенствениот век“.
Роден во Коџаели во 1936 година, Куртиз студираше право, филологија, филозофија, психологија и историја на уметноста, но ниту еден од нив не ги заврши. Интересно е дека работниот век го почнал како мајстор на светло во еден театар, а во актерските води влезе во 1959 година во театарот „Дормен“.
Куртиз е добитник на бројни актерски награди и признанија, а на 48-от Филмски фестивал „Златен портокал“ во Турција во ноември 2011 година доби и признание за животно дело.
27.09.2013 - 23:34