СДСМ: Мицкоски нека се подготви за пораз на какви било избори

Антинародниот Мицкоски оди до таму, што тој се осуди да ја нарече Македонија творба, исто како што ја нарекуваат сите што не и мислат добро, реагираат од СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски во интервјуто за Пресс24.

„Македонија е слободна, демократска и напредна држава, на чекор до полноправно членство во НАТО и ЕУ. Мицкоски, Бачев, и нивниот шеф Груевски не успеаја, победија граѓаните. Мицкоски останува запаметен како дел од мала, маргинална група која се обидуваше, но не успеа да ја спречи интеграцијата во ЕУ и НАТО. Без став за најважните прашања, Мицкоски се криеше зад Јанко Бачев и неговите протести на кои се ширеше омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, вистинскиот шеф на Мицкоски, режим во кој Мицкоски се богатеше преку бизнисите со хидроцентралите. Македонија, граѓаните, нема да дозволат нов авторитаризам и ќе ги поразат црнилата и деструкциите на Мицкоски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготват за пораз на претстојните претседателски избори, можат да се подготват за пораз на какви било избори. Граѓаните одбраа Македонија да се гради како едно општество, одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски да ги врати во темното минато“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега