Лазаров: Мислам дека не се посрамотивме, се боревме, игравме модерен и квалитетен натпревар

 

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров вели дека промашените зицери се клучните за убедливиот пораз од Хрватска.

„Сакавме да направиме изненадување, бевме блиску но кога ќе промашите толку многу зицери не можете против една ваква Хрватска која секогаш оди на медал“, вели Кире Лазаров, преенсува МКД.мк.

„Имаше тактичко надмудрување, но тие реализираа,ние не. Тука беше разликата. Крајниот резултат не е реален. Нашата цел останува вториот круг. Мислам дека не се посрамотивме, се боревме, игравме модерен и квалитетен натпревар. Мора да се помириме и со крената глава да се фокусираме на следните мечеви“, кажа Лазаров.
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега