Коки: Дуле не беше свесен колку луѓе го сакаат
"Дуле не знаеше колку беше сакан. Не беше свесен колку луѓе го сакаат", низ солзи за Вест изјави Никола Јанков - Коки, човекот кој 20 години беше дел од популарното дуо, кое во Македоија важеше за владетел на сцената на живите свирки.
Денеска молк меѓу штипјани, молк за својот сакан сограѓанин, за големата македонска поп ѕвезда која со својата гитара и виолината на Коки, многу ноќи им ги направи незаборавни.
-Сите негови концерти, односно забави беа незаборавни. Многу ми е жал на мене и на моите пријатели што го изгубивме најсаканиот пријател помеѓу музичарите, но секогаш ќе остане во нашите срца, изјави млад штипјанец, кој денеска со палење на свеќа пред неговата слика поставена пред Домот на културата „Ацо Шопов", му оддаде последна почит.