Ѓорчев: Народот е незадоволен, имаме фијаско на СДСМ
Ќе го порачаме она што го мислат огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, а тоа е дека работите не се движат во вистинска насока, дека граѓаните се разочарани, загрижени за иднината, дека огромен број на луѓе кои што имале некоја надеж во оваа влада после година и пол, две се едноставно разочарани и ќе го артикулираме она што огромниот број на луѓе во Македонија го има како мислење а тоа е дека народот е силно, силно приврзан кон уставното име на Република Македонија и дека луѓето се не задоволни од економските движења, изјави Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Според него, во Република Македонија нема ниту еден економски индикатор кој се подобрува, нагласувајќи дека граѓаните живеат се полошо и полошо.
Ѓорчев ги повика сите граѓани кои се незадоволни од актуелната власт и целокупната политичка и економска ситуација да се придружат на протестот и да излезат да го искажат својот револт.
-Граѓаните се иселуваат особено младите како никогаш досега и цел корпус на проблеми. Ги повикуваме сите, не само од ВМРО-ДПМНЕ туку и оние кои што се неопределени, значи сите оние кои што ја имаме при срце Република Македонија. Но, исто така и оние кои што се незадоволни од актуелните политики да дојдат и да бидат овде или да најдат начин да не подржат во оваа наша заложба, вели Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа