Исмајлоска-Старова: Мојот глас околу уставните измени зависи од амандманите

Мојот глас за финалната фаза за уставните промени ќе зависи од дефинирењето на самите уставните амандмани, рече екс-претеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова, која со уште седуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, беа клучниот дел при обезбедувањето дво-третинска поддршка за потребата од уставни измени.

Дали ќе гласам зависи од севкупниот процес, како ќе се дефинираат уставните амандмани после јавната расправа која што следува по 1 декември, што е многу важно поради тоа што ја вклучува и експертската јавност, граѓанскиот сектор, којшто има свое мислење во однос на овие процеси, но секако дека и помирувањето е важен дел и мислам дека сите институции треба да бидат внимателни да не наштетат на тој дел од овој процес“, вели екс-пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во оваа фаза таа е поблиску да гласа – „за“, отколку „против“ или „воздржано“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега