Трагедија ја потресе Гевгелија: Млада гевгеличанка се обесила во близина на семејната куќа
Хорор ја потресе Гевгелија. Млада гевгеличанка е пронајдена обесена на 50 метри од својата семејна куќа во гевгелиското село Миравци.
Како што пренесува полицијата, се работи за 30-годишна гевгеличанка која излегла од дома и не се вратила неколку часа, по што нејзиното семејство и најблиски загрижени излегле да ја бараат. Телото на гевгеличанката било пронајдено синоќа во 22 часот.
Засега не е познато кој е мотивот поради кој Катерина си го одзела животот.
Телото е предадено да се изврши обдукција.
24.09.2013 - 10:42