Македонските лекари ќе разменуваат искуства со лекари од Њујоршката универзитетска болница
Министерот за здравство Никола Тодоров кој заедно со владина делегација предводена од премиерот Груевски е во посета на САД, во текот на вчерашниот ден ја посети Њујоршката универзитетска болница, каде договори размена на искуства и експертиза.
- Се работи за една од водечките здравствени институции во САД, а за нас особено е важно што Њујоршката универзитетска болница работи на изградба на нов, современ медицински центар кој треба да биде готов до 2017 година. Тоа е особено интересно за нас, имајќи го предвид нашиот проект за изградба на нов клинички центар во Скопје. Од Њујоршката универзитетска болница се понудија да ни го стават на располагање нивното искуство и знаење во изградбата и функционирањето на центарот. Воедно се понудија да се стават на располагање за обука на наши кадри, изјави македонскиот министер за здравство.
Во рамки на посетата на САД, предвидено е министерот Тодоров да посети водечки медицински центри во овие градови за да договори соработка со македонските здравствени институции.