Бошњачки демократски сојуз: Ние сме против спроведување попис без етничка и јазична припадност

Во соопштението на Бошњачкиот демократски сојуз се наведува дека се против спроведување на попис во кој Бошњаците ќе немаат можност да ја изразат својата етничка и јазична припадност.

„Пописот како статистички операција на пребројување на населениот по различни параметри врз основа на кои се креираат и имплементираат политики е невозоможно да ја оствари својата функција без податокот на етничка припадност.

Со таквиот начин на попис нема да се добие реалната слика на демографската состојба во Република Македонија, и етничките заедници не ќе можат да ги остваруваат своите етнички права особено правото на соодтевна правична застапеносст на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државна власт и другите јавни институции, која е темелна вредност на уставниот поредок наведена во член 8 од Уставот на РМ, дополнет со Амадндман 11 и Охридскиот рамковен договор кој правата на заедниците се определуваат со проценти како и останатите позитивно-правни прописи.

Сметаме дека со прашањето на мајчин јазик и јазикот кој се зборува при комуницирање не може да се одреди точно бројот на одреден етникум.

Сметаме дека со попис без етничка и верска припадност се доведува во прашање мултиетничкиот карактер на Репбулика Македонија кој со векови наназад е едно од главните обележја и специфики по кои земјата е препознатлива во Светот“, се вели во соопштението на Бошњачкиот демократски сојуз.

 

 

 

19.11.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега