СДСМ: Мицкоски да одговори дали на средбата со Груевски подготвувале план за бегство

 СДСМ денеска го обвинија Мицкоски дека знаел за бегството на Груевски.

Пионот Христијан Мицкоски да не се крие зад социјалните мрежи и зад конфузни реакции што не кажуваат ништо, туку да излезе пред граѓаните и да одговори за средбата со Груевски.

 

 Антизападниот Мицкоски пред јавноста треба да одгoвори, дали на средбата што ја имал со неговиот ментор Никола Груевски, на која според негово јавно признание разговарале за „иднината“ и „личните моменти“ на криминалецот Груевски, всушност бил подготвуван планот за бегство?

 

 Постојат јавни сомнежи дали Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на криминалецот Груевски.

 

 Провидно е лицемерието на Мицкоски. Лицемерно и несериозно е човекот кој со сите сили го брани криминалот на неговиот ментор денеска да глуми загриженост.

 

 Сите надлежни институции, а особено Основното јавно обвинителство, мора да отвори истрага, целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници.

 

 Сите сочуесници вмешани во бегството на криминалецот Груевски мора да одговараат пред законите.

 

 

 

14.11.2018 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега