Венизелос: Националната позиција на Грција е јасна - географска одредница и „ерга омнес“

 

Денеска шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

На средбата Венизелос истакнал дека националната позиција на Грција за името е јасна - име со географска одредница за севкупна употреба. Според Ванизелос ваквото решение ќе и помогне на Македонија да има евроатлантска перспектива што е многу важно за Грција која според неговите зборови, сака стабилност во регионот на Западен Балкан.

- Ние поддржуваме заеднички прифатливо сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба – ерга омнес. Тоа е конечно, јасно, функционално решение. На овој начин и соседната земја ќе биде во можност да ја најде својата европска перспектива, што е многу важно и за неа и за нас, зашто сакаме целиот Западен Балкан да ја најде заедничката перспектива, нешто што е стабилизирачки фактор во нашиот регион. Ќе ја понудиме сета расположива помош. Ние сме големи инвеститори, голем сосед кој, со чувство на пријателство, може да помогне, секако само доколку постои добра волја, добрососедство и почитување на меѓународното право, изјави Венизелос.

За денеска во Њујорк е најавена средба на еврокомесарт за прширување Штефан Филе со медијаторот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.

 

23.09.2013 - 14:03
Фото: 
Новатв.мк

најчитано сега