ДУИ и ја честита победата на Ангела Меркел
Демократската унија за интеграција (ДУИ) и упати честитка до германската канцеларка Меркел и нејзината партија ЦДУ на вчерашните парламентарни избори во Германија.
- Убедливата победа е уште една потврда за вашите правични домашни, но и меѓународни политики и затоа, убеден сум дека вашата земја ќе ја продолжи поддршката на процесот на проширување на Европската унија, како и аспирациите на земјите на Балканот да станат дел од Евроатлантскато семејство, стои во честитката од ДУИ до Меркел.
Германија, стои во честитката до Меркел, имаше многу значајна улога во постигнувањето на мирот во немирниот регион на Западен Балкан како и во поставувањето на демократските вредности.
- Се надевам дека оваа огромна германска инвестиција ќе продолжи со вашите нагласени напори за да се интегрира целиот регион во НАТО и ЕУ преку меѓусебното помирување и решавање на отворените меѓусоседски прашања по примерот на Приштина и Белград. Изразувајќи го моето највисоко почитување, ви честитам срдечно за вашиот трет мандат и ви посакувам успешна реализација на вашата програма, се вели во честитката од ДУИ до Меркел.