СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи одговорно и домаќински
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економија, особено по сето она што и го направи на економијата со 11 годишното криминално и расипничко владеење.
Додека граѓаните масовно осиромашуваа, врвот на ВМРО-ДПМНЕ неконтролирано ја задолжуваше државата, а парите на граѓаните се трошеа за луксуз, барок, споменици и криминални тендери, само за да се остварат криминалните интереси на Никола Груевски и соработнците.
За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски, Владата предводена од СДСМ работи домаќински и одговорно управува со парите на граѓаните.
Преку одговорно управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ, успеа да го стави јавниот под контрола. За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а каматните стапки за задолжувања се историски најниски.
Истовремено, бројни економски параметри како растот на платите, порастот на извозот, потрошувачката и индустриското производство, рекордниот број на странски инвестиции, јасно покажуваат дека економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.
Очигледно е дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи одговорно и во интерес на граѓаните, не може да се помири со успешните економски политики и затоа се обидува да шири неоснована паника преку лажни вести.
Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа