Ќе седне ли Милошоски на потпретседателското место на разрешениот Митко Јанчев

Митко Јанчев е еден од разрешените од ВМРО-ДПМНЕ, со одлуката донесена на Централниот Комитет на партијата. Медиумите брифираат кој би можел да го наследи на потпретседателската функција во ВМРО ДПМНЕ.

Во јавноста пак се шпекулира дека токму Антонијо Милошоски би можел да седне на фотелјата на Јанчев.

- „Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот, пренесува „Независен“ додавајќи дека Милошоски одбил да коментира дали ќе биде трет потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Александар Николоски и со Владо Мисајловски.

 

 

 

 

28.10.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега