Симоновски: Георгиевски да престане да ги кочи проектите кои се од интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги застапува интересите на граѓаните и е конструктивна кога се работи за потреби и барања со цел подобрување на секојдневното живеење на жителите на Општина Гази Баба, изјави на денешната прес-конференција Тони Симоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во оваа насока сакаме уште еднаш да го повикаме Градоначалникот Борче Георгиевски веднаш да отпочне со изградбата на градинката во населено место Стајковци. Како што и самиот Борче Георгиевски изјави, советот на Општина Гази Баба во коешто мнозинство има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства за овој проект, кој е ветен и за кој е отпочната целокупната процедура уште во периодот кога локалната власт ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, изјави Симоновски.

Од таму го повикуваат Борче Георгиевски да не ги кочи проектите кои се од интерес за жителите на населените места: Стајковци, Црешево, Виниче, Булачани, Раштак и Смилковци, граѓаните плаќаат даноци и очекуваат проекти во нивен интерес.

-Бараме неговите партиски и бизнис интереси да ги тргне на страна и без одлагање да започне со изградба на градинката, која досега требаше да биде изградена и во неа да бидат сместени 120 дечиња, додаде Симоновски.

 

 

 

 

27.10.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега