Заев: 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се свесни за одговорноста

Премиерот Заев избројал повеќе од 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои како што рече денеска,биле свесни за одговорноста која пратениците ја имаат во овој процес.
Премиерот во својата реплика пред собраниската Комисија за уставни прашања не прецизираше дали некој од овие пратеници најави дека ќе даде поддршка за промена на Уставот.
Сите 7 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на Комисијата за уставни прашања денеска гласаа против постапката за промена на Уставот.
И покрај тоа, власта со мнозинство од 10 пратеници ја заврши комисиската расправа и предлогот го прати на седница на Собранието закажана за во понеделник. Таму, за власта уставните измени да ги однесе во следната фаза ќе и биде потребно мнозинство од најмалку 80 пратеници.

 

 

 

12.10.2018 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега