СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се криви што тоне економијата во Македонија

„По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за краток период, успешните економски политики доведоа до тоа во вториот квартал од 2018 година, економијата, односно Бруто домашниот производ забележа раст од 3.1 отсто.“ – велат од СДСМ во писмена ракција.

„За споредба, само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од - 1.3 отсто. Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните. Со реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ и враќањето на земјава на евро-интеграцискиот пат, во Македонија има раст на економијата но и на инвестициите. Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава. Растат странските инвестиции но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, се зголемува бројот на работници во индустријата, државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален. Во целиот овој период раководството на ВМРO-ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ и Светска банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани. Клучни за понатамошен раст и развој на економијата е стабилна политичката состојба, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ.“ – велат од СДСМ.

 

 

 

12.10.2018 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега