Скопје на врвот во Европа - врие производи со транс-маснотии опасни по здравјето
Балканските метрополи се на врвот во Европа според продажба на прехранбени производи кои содржат трансмаснотии кои се опасни по здравјето, јавува МИА.
Сараево е на самиот врв на табелата со 82, а Скопје е веднаш зад него со 41 производ. Белград со 32, Загреб 29, Подгорица 23 и Љубљана со 20 производи кои содржат трансмаснотии.
Високо на табелата се најде и скандинавскиот урбан центар, Малме во Шведска, со 24 производи кои содржат транс-маснотии.
- Купишта слатки и други производи што содржат екстремно високи нивоа на транс-маснотии се продаваат во Малме. Тоа е дозволено во Шведска, но во Данска е на сила строга забрана за продажба на такви производи, вели Стин Стендер. Освен во Данска, забраната е присутна и во други земји, како, на пример, во Австрија и Исланд.
Транс-маснотии се вегетабилни, незаситени маснотии кои имаат поцврста конзистенција и подолга трајност преку заситување на вештачки начин.
Ризиците кои ги носат транс-маснотиите се веќе утврдени. Една студија изготвена на Харвард покажува дека веќе од 2007 година 200.000 смртни случаи кои се последица на срцев инфаркт можеле да бидат избегнати во САД секоја година доколку транс-маснотиите биле сосема отстранети, објавува „Свенска дагбладет“.