Вечерва се спушта завесата на „Браќа Манаки“
Вечерва завршува 34 Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Затворањето ќе биде крунисано со врачување на специјалните награди „Златна камера 300“ кои ќе им бидат дадени на гостинките од Франција, кинематографката Ањес Годар и актерката Избел Иперд за особен придонес во филмската уметност.
На свеченото затворање ќе бидат соопштени и наградените филмови кои беа во трка за „Камера 300“.
Со премиерата на македонскиот игран филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов „Браќа Манаки“ беше отворен на 14 септември, каде што со наградата за животно дело „Златна камера 300“ се закити шпанскиот директор на фотографија Хосе Луис Алкаин.
Под мотото „Пушти ја светлината“, ИФФК оваа година понуди 74 филмови, од кои 12 во главната натпреварувачка програма, и филмови во другите селекции: Нови визии, кратки филмови, документарци, Македонска панорама... Покрај проекции, имаше и придружна програма – креативни работилници, мастер-класови и конференции.