Полицијата на нозе: Градежник откопа коски во Гостивар

 

Градежници во Гостивар вчера откопале коски од засега неутврдено потекло. Изградбата на станбената зграда на која работеле е прекината, полицијата го обезбедува местото и се чека на вештак за да се открие дали коските се од човек или животно.

Од тетовската полиција инфоормираат дека коските ги открил машинистот Х.И. (55) додека копал со багер. Кога ги забележал коските, тој веднаш запрел со работа.

Откако газдата на фирмата - инвеститор на зградата пријавил во полиција, за случајот ил известен и истражен судија. Но, бидејќи веќе било мрак, увидот бил одложен за денеска, пренесува МИА. Според жителите во околните куќи, на местото каде биле откриени коските, немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото.

20.09.2013 - 08:31

најчитано сега