Новата „Шкода“ Vision RS ќе биде претставена во Париз оваа есен

 

Концептот на „Шкода“, Vision RS, свое претставување ќе го има на Париз мотор шоуто годинава, кога чешкиот производител ќе го понуди првиот поглед на својот иден компактен автомобил, истовремено навлегувајќи во следната фаза на дизајнот за својот спортски RS-модел.

Пред светската премиера во октомври чешкиот бренд ги објави скиците со цел да го пренесе првиот впечаток за овој динамичен концептуален автомобил. Како дополнување, објавено е и видео кое илустрира како  Vision RS се оформува во одделот за дизајн, предводен од главнот дизајнер, Оливер Стефани.

На  скиците може да се види дека клучен дел од концептот на возилото е аеродинамиката. Предницата е прецизно дефинирана, а тенките фарови дополнитно го истакнуваат динамичниот изглед. Во задниот дел доминира дифузерот и аеродинамично оптимизираниот покривен спојлер.

 

 

 

05.09.2018 -13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега