Арсовски: Ова е скандал, партиски телохранител сега е директор на БЈБ

        

  

СДСМ продолжува да ја партизира полицијата поставувајќи на функција кадри кои слепо ќе ги следат партиските нарачки на Зоран Заев и криминалниот картел на власт.

 

          Денешното именување на Сашо Тасевски за Директор на Бирото за јавна безбедност е уште една скандалозна политичка одлука на СДСМ. Да се постави личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски за прв човек на полицијата е деградирање на сите професионалци кои години наназад макотрпно ја граделе својата кариера во министерството и ги ризикувале сопствените животи во борбата против криминалот и за заштита на безбедноста на граѓаните и на нашата држава.

          Единствено нешто по кое јавноста го памети Сашо Тасевски е неговото каубојско однесување во Собранието кога на очиглед на целокупната јавност вперуваше оружје во граѓаните.

          Наместо да биде казнет затоа што постапи незаконски и непрофесионално, Тасевски сега е награден бидејќи слепо ги извршување партиските наредби и ја занемари дадената заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите.

          Еве потсетување што вели Законот за Собрание:

          Член 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека цитирам: Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“

          Во ставот три од истиот член пишува дека цитирам: „Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.“

          Законот е дециден, а Тасевски и неговиот колега наместо да го почитуваат, одлучија да го прашаат Зоран Заев цитирам: Претседателе дали да пукам“.

          За жал пукаа и постапија по наредба на цивилно лице кое не ги познава законите и не го интересираат безбедносните стандарди и процедури кои што треба да ги почитуваат овластените лица.

          Ова веројатно е главната квалификација зошто својот телохранител, Оливер Спасовски си го постави за Директор на бирото за јавна безбедност.

 

 

 

22.08.2018 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега