Тракторот сепак не бил во лер - дали трактористот возел во пијана состојба?
Првичниот извршен наод на судскиот сообраќаен вештак, по извешениот увид, покажал дека во трета брзина бил менувачот на превртениот трактор, вели истражниот судија од кочанскиот Основен суд за Канал 5.
Со оваa информација се демантираат изјавите на очевидците кои вчера тврдеа дека секунди пред да се случи несреќата, возачот на тракторот возел во лер.
-Обдукцијата на загинатиот возач 63 годишниот Миле Давитковски од селото Грдовци е извршена во текот на вчерашниот ден, но резултатите ќе бидат доставени до истражниот судија во наредните седум дена. Од нив точно ке се утврди дали возачот управувал со тракторот во пијана состојба или не, пишува Канал 5.
Обдукцијата ја утврди главната причина за смртта на трактористот- бројни скршеници на коските на черепот.
Истражниот судија смета дека една од главните причини за несреќата е неприлагодената брзина на условите на патот. Брзината била поголема од онаа која треба да се оддржува кога се вози на стрмен терен.
ФОТО: Курир