Јанкуловска: Доколку не се извини Шпигов ќе има можност тврдењата да ги докаже на суд

 

 

За да го допрете дното неопходно е тоа да постои, но во случајот на СДСМ и портпаролот Петре Шилегов, дното го нема на видик. Со секоја нова одржана прес-конференција и со секоја нова исчитана манипулација, покажуваат дека се наоѓаат во слободен пад и дека тонат се подлабоко, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

- Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие 5 години, ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување кое ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици и да каже кој му наложил да излезе со вакви невистини, се подвлекува во писмената реакција од Јанкулоска.

- Свесна сум дека последната успешна полициска акција „Шпион“ погоди многу структури во земјава и надвор од неа. Денеска видовме дека грчките владини извори на Катимерини го имаат истиот став кон овој мега случај како и опозициската СДСМ. Останува нејасно уште дали постои некаква координација и за денешната прес - конференција на Шилегов и фабрикуваните напади кон мене, потенцира во реакцијата Јанкулоска.

Јанкулоска во писмената реакција ги повикува надлежните институции колку е можно побрзо да постапат и да утврдат дали има какви било незаконски дејствија во нејзиното работење и наводното богатење за 200.000 евра кое денеска, тврди, го измисли Шилегов. 

18.09.2013 - 16:10

најчитано сега