Вељаноски им го честита Велигден на верниците на Евангелско-методистичката црква

 

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски  по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден денеска упати честитка до верниците на Евангелско - методистичката црква во Република Македонија.

- Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично и на сите верници на Евангелско - Методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам Со Воскресението, Бог ни ја даде вистината на нашето постоење. Доколку сме со чиста душа и добра мисла ние продолжуваме да ги следиме вистинските христијански вредности. Нашата соединетост околу вербата, и благословот да го сочуваме и продолжиме учењето Христово за мирен и спокоен живот, за чиста љубов кон ближните, трпение и милосрдие, не прави многу посилни да истраеме на божјиот пат. Со почитувањето на религиската и етничката различност го јакнеме соживотот и го отвораме патот на просперитетна иднина на Република Македонија, се вели во честитката.

најчитано сега