СДСМ: На референдум слободно и без притисоци народот ќе каже ДА
Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е патриотски чин преку кој се затвора 25-годишно прашање, се обезбедува иднината на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО и се зајакнува македонскиот идентитет.
Со Договорот отстранета е последната пречка за евроинтегративниот процес. По години изолација, Македонија повторно е на патот кон ЕУ и НАТО. Датумот за почеток на преговори со ЕУ е дефиниран, а обезбедена е и покана за влез во НАТО.
На референдумот на 30 септември, граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните се носители на суверентитетот, тие избираат на избори и на референдум, а нивната волја е неприкосновена и обврзувачка за сите.
Граѓаните ја препознаваат историската важност на референдумот, знаат дека Договорот за спорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за еднаш засекогаш да се обезбеди македонската иднина, еднаш за секогаш да се обезбеди и гарантира македонскиот идентитет и македонската посебност.
Граѓаните знаат дека во успешен референдум стануваме дел од ЕУ и НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик во македонска држава и дека тоа право веќе никој нема да им го негира или опсорува.
Мнозинството граѓани е цврсто определено за влез во ЕУ и НАТО и затоа на 30 септември, на референдум слободно, без пристисоци, одлучно и достоинствено ќе кажат ДА за ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција, силно и одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа