Волонтери од Црвениот крст делат велигденски јајца низ Куманово
Волонтери од општинската организација на Црвениот крст Куманово во пресрет на Велигден бојадисуваа велигденски јајца, кои ќе ги поделат на граѓаните на повеќе локации во градот.
- Станува збор за традиоционална активност во која се вклучени волонтерите на Општинската организација. На овој начин сакаме да им ги разубавиме празниците на граѓаните. Акцијата ќе трае два дена, изјави Марија Јовановска, лидер на Клубот на млади.
Во Кумановската организација членуваат околу 200 волонтери од кои седумдесетина се активни волонтери кои реализираат низа проекти и активности. Меѓу нив и активноста во пресрет на Велигден која се оддржува на иницијатива на Клубот на млади од општинското техничко училиште „Наце Буѓони“.
ФОТО: Кафепауза