СДСМ: Граѓаните се обединија околу националните и стратешките интереси на Македонија (видео)

„Граѓаните на херојски Прилеп, како и граѓаните ширум Република Македонија, се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси за државата, изјави на преск конференцијата Хари Локвенец – пратеник во Собрание на Република Македонија 

„Слободно и по своја волја, без притисоци и уцени, граѓаните се обединија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, поканата за влез во НАТО и датум за почеток на преговори со Европската унија.Со масовната посетеност, граѓаните јасно и недвосмислено покажаа дека избираат европска иднина, сигурност, безбедност и подобар живот тука во Прилеп и Македонија.Сите заедно покажавме дека Македонија цврсто и одважно зачекорува во новото време!“ рече тој.

Локвенец додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ, уплашени од широката граѓанска поддршка за НАТО и ЕУ интеграциите, со денови организираше хајка против националните и стратешки интереси на граѓаните, против домашната македонска музика, против македонските музичари.

„Христијан Мицковски упорно ги продолжува деструктивните политики на Никола Груевски. Политики на сеење омраза и создавање поделби помеѓу граѓаните. Политики за кои граѓаните искажаа големо НЕ! Со добиената покана за НАТО и ЕУ започнува ново време за нашата земја. Време на надеж, безбедност, победи, успеси.Членувањето на Македонија во овие асоцијации, значи силен економски раст, развој и инвестиции, како на државно така и на локално ниво.СДСМ им се заблагодарува на сите граѓани на Прилеп и Македонија, што беа дел од синоќешната прослава.Да продолжиме по патот на обединувањето околу националните и стратешки интереси на Македонија“нагласи Хари Локвенец – пратеник во Собрание на Република Македонија

 

 

 

15.07.2018 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега