Ден на жалост во Грдовци- очевидци се сеќаваат на стравичната слика и детските пискотници

 

Децата плачеа и врискаа, молеа за помош, паднати на сите страни од превртениот трактор. Оваа слика и детскиот лелек нема никогаш да се избрише од сеќавањата на очевидците на стравичната сообраќајна несреќа која се случи завчера во 19:15 кај месноста Илиндол пред влезот на селото Оризари.

Додека три дечиња сеуште се борат за живот на скопските клиники, на местото на трагичниот настан сеуште стојат крвави тренерки, фудбалски топки, играчки и намирници за пикник.

Децата коис е враѓале од излет кај манастирот Добра Вода, биле превезувани од двајцата пензионери кои и самиѕте биле дедо и баба на четири од дечињата. Првичните сознанија на истрагата се дека во моментот на несреќата тракторот возел со изгаснат мотор, добил на забрзување на удолниот пат и се превртел. На лице место загина возачот, 63 годишниот Миле Давитковски, а неговата сопруга, 61 годишната Смиланка, почина неколку часа подоцна на скопските клиники поради серионите повреди на градите и внатрешно крварење.

Денеска во Грдовци е ден на жалост.

 

 

најчитано сега