Шефот на финската дипломатија доаѓа во Македонија
Шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја денеска ќе ја посети Република Македонија.
Финскиот министер ќе оствари средба со својот македонски колега Никола Попоски, на која, според најавите, двајцата соговорници ќе разменат мислења за односите и соработката меѓу двете држави, за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, како и за одделни регионални и мултилатерални прашања.
Средбата на двајцата министри ќе се искористи и за нтамошно интензивирање на соработката меѓу Македонија и Финска, во насока на продолжување на финската поддршка за Македонија на патот кон ЕУ.
http://entreislasylagos.files.wordpress.com/2012/06/erkki_tuomioja.jpg