Тетовчанец сакал река во дворот - ги поплавил сите соседи

 

Жител на тетовско Радиовце сакал водата од Боговињската Река да му го разубави дворот, па поставил тврда градба на самото корито на реката за да му служи како водоскок. Заради ваквата "мудра" постапка на селанецот, веќе 7 дена неговите соседи се борат со надојдените и излеани води од реката која ги поплавува.

Во Општина Брвеница очекуваат надминување на проблемот, бидејќи сопственикот на "водоскокот" најавил дека самиот го руши она што го изградил.

ФОТО: Сител

најчитано сега