Кире Наумов најавува Влада во сенка
Кире НАумов отиде најдалеку во својата идеја за крупни промени во опозициската СДСМ. Наумов најавува дека за зголемување на ефикасноста на Опозицијата планира класична Влада во сенка, во која нема да членуваат кандидатите за пратеници на СДСМ на следните избори, туку ќе биде составена од веќе докажани експерти во своите области.
ОСвен Наумов, промени најавува и Зоран Заев, но, наместо Влада во сенка, тој веќе официјализираше дека планира да го промени системот на раководење на СДСМ. Наместо 4 потпретседатели, Заев рече дека доколку ја добие поддршката од Конгресот, ќе ја именува Радмила Шекеринска за заменик претседател.
Целосно подмладување на партијата најавува и актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски. Тој очекува со млади кадри да стане алтернатива на актуелната власт.
Внатрепартиски промени најави и четвртиот кандидат за претседател на СДСМ Зоран Јовановски кој поддршката ја добил од потпретседателите Георгиев и Данева.
Сите кандидати најавуваат враќање наа СДСМ на власт, кој ќе ја добие доербата на 705 делегати ќе се знае по Конгресот кој е закажан за 2. јуни.