Седници на три собраниски комисии

 

Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за надворешна политика и Комисијата за уставни прашања.

Комисијата за економски ппрашања ќе распраца за измените и дополнувањата на Законот за трговија во прво читање, а на дневен ред на Комисијата за уставни прашања ќе се најде Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство.

Комисијата за надворешна политика попладне ќе ги разгледа ратификациите за измени на договорите меѓу Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети и за екстрадиција, како и ратификацијата на Третиот дополнет протокол на Европската конвенција за екстрадиција. 

16.09.2013 - 08:30

најчитано сега