НАСА одбра три астероиди за мисијата „грабнување“

 

НАСА објави дека избрала три астероиди како кандидати за амбициозната мисија за нивно „грабнување“ и понатамошно истражување.

Исто така од Американската вселенска агенција истакнаа дека ќе бидат во состојба да ја спроведе мисијата Иницијатива астероид во периодот меѓу 2017 и 2019 година.

Целта е да се испрати роботизирано летало, кое би се поврзало за мал астероид, со дијаметар од десетина метри, и потоа би го одвлекло во орбита околу Месечината заради понатамошни истражувања.

Проектот ќе биде и прилично скап – околу 2 милијарди долари, но може да биде исплатлив на долгорочен план, бидејќи се смета дека  астероидите содржат огромно количество благородни и ретки метали, чија експлоатација на Земјата е многу скапа.

 

12.09.2013 - 15:41

најчитано сега