Македонската мисица без фустан на Мис свет

21 годишната кичевчанка Кристина Спасеноска веќе неколку дена е во Индонезија, каде треба да учествува на изборот на убавина Мис свет 2013. Според весникот Вечер, Кристина заминала во оваа земја без тоалетата со која треба да се појави на големото финале закажано за 28 септември. 

-Кристина замина на 3 септември за да биде дел од изборот Мис свет 2013, но отиде без фустанот кој треба да го носи финалната вечер. Поради теснецот со време меѓу нашиот и светскиот избор, а и поради комплицираноста на фустанот на кој дизајнерот Менсур Ајдини рачно ги вметнува апликациите, како што се везот и камењата, се договоривме да замине без фустанот за да може тој да се доработи, а деновиве ќе и го пратиме по ДХЛ, вели Лидија Велковска, сопственичката на лиценцата за домашниот избор за Мис на светот, за весникот Вечер. 

12.09.2013 - 08:30
Фото: 
хитпортал

најчитано сега