ВМРО-ДПМНЕ го честита Меѓународниот ден на трудот

 

ВМРО- ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на трудот- 1 Мај.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме посветени во работата заедно да изградиме социјално поправедна Македонија, во која континуирано ќе се бориме да се вреднува трудот и ангажманот на секој нејзин граѓанин. Обезбедувањето на  услови за здрава, хумана и безбедна работна средина ќе останат наш приоритет и во иднина, со цел да постигнеме повисоко ниво на социјална и здравствена заштита на вработените. Социјалните права на работниците се наша програмска и идеолошка определба и ние ќе бидеме и понатака активно вклучени во нивното унапредување и заштита, стои во честитката испратена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, се вели во честитката, ќе продолжи да нуди соодветни законски решенија и мерки кои ќе бидат во интерес на вработените во Република Македонија, а истовремено ќе продолжиме да бидеме силно ангажирани во подобрување на стандардот на граѓаните и зголемување на вработеноста како еден од основните чинители во создавањето на понапредна и просперитетна Република Македонија.

најчитано сега