Никој не побарал Кили да биде пуштен од притвор
Ниту семејството ниту адвокатот до овој момент не побарал актерот Кири Поп Христов да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода. Ова за Вест го изјавиле од скопскиот Кривичен суд. Од таму за весникот потврдуваат дека никој не ги информирал за тешката болест на актерот за која неговиот брат пишувше на социјалните мрежи.
Правни експерти за Вест велат дека доколку Кили навистина боледува од рак, тој наверојатно ќе биде пуштен во домашен притвор бидејќи возатворот немало услови за лица со таква дијагноза.
Кирил Поп Христов пред неколку дена беше уапсен откако во неговата визба беше пронајдена цела лабораторија за производство на марихуана. Истражниот судија веднаш му одреди притвор
10.09.2013 - 20:58