СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да собере сили и да ги поздрави позитивните вести за Македонија
СДСМ со писмено соопштение реагираше на денешната прес-конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за Македонија што следуваат по објавениот Извештај на Европската Комисија.
Европската комисија ги препозна напорите на Владата предводена од СДСМ особено во делот на итните реформски приоритети, а Извештајот јасно нотира дека Македонија се враќа на европскиот пат и дека започнатиот реформски процес е отворен, транспарентен и во интерес на сите граѓани“, велат од СДСМ.
Оттаму велат дека разлика од времето на владеењето на ВМР-ДПМНЕ, кога препораката за почеток на преговорите беше суспендирана и условена,овој пат препораката е чиста и безусловна, што значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што овозоможува почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ.
„Наместо преку неосновани напади да се обидува да фрли сенка на уште еден успех во евроинтеграцијата на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се приклучи кон реформскиот процес и да даде поддршка на реформите што ја движат Македонија напред и се во интерес на сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа