Заврши првата фаза од проектот за конзервација на јужниот бедем во Охрид

 

 

Со средства од Министерството за култура во Охрид заврши  реализацијата на првата фаза од проектот за конзервација и санација на оштетениот јужен  бедем на летната сцена Долни сарај.

Како што информираат од Министерството за култура, поради староста на малтерот во изминатиот период честопати  доаѓаше  до одрони на делови од ѕидините кои се надвиснати над Охридското Езеро, што претставуваше голема опасност за минувачите што се движат по фрекфентната патека која го спојува градот со населбата Канео.

Во рамките на втората фаза од проектот во 2014 година ќе се изврши целосна санација на скалите и фугирање на внатрешниот скалишен простор кој ја поврзува сцената Долни сарај со езерскиот брег.  Истовремено ќе се изврши илуминација на скалите и ќе се направи мост кој ќе го поврзе брегот со времената пешачка патека кон населбата Канео.

 

09.09.2013 - 11:27

најчитано сега