Мицкоски на средба со граѓаните од општина Центар, граѓанин се жали: Ветуваа живот, a донесоа сиромаштија и бесперспективност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше на средба со граѓаните на општина Центар. Тој на фејсбук откри што му порачале граѓаните.
Вечерва на средбата со граѓаните и партиските членови во Центар еден граѓанин ми рече, мора да не биде како држава, инаку овде повеќе со овие на власт нема да има иднина, се што допреа уништија, децата ни седат без работа и секој ден гледаат како да ја напуштат државата. Ветуваа живот, a донесоа сиромаштија и безперспективност. Го укинаа зголемувањето на пензиите, нема просечна плата од 500 евра, докторите немаат плата од 100 илјади денари како што ветуваа, 10-те месеци власт ги преспаа. Затоа треба оваа Влада да си замине, на младите мора да им се овозможи перспектива, на пензионерите достоинствена и мирна старост, на докторите реално вреднување на нивниот труд. Ние ќе се обврземе да направиме работи кои реално ќе ги оствариме, за мене дадениот збор е обврска која мора да се исполни, чистиот образ е вредност која мора да се сочува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа