ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за изградба на мост над Вардар во Аеродром е проект на Коце Трајановски
Петре Шилегов, во недостаток на идеи ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски. Проектот за изградба на нов мост кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Керамидница е проект од програмата на Коце Трајановски за локалните избори од 2017 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ и Петре Шилегов наследија полна каса од над 20 милиони евра во Буџетот на градот од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ, пари оставени за проекти, за сега Шилегов да може да се фали и да гради. Безидејноста на Шилегов и немањето на план за работа, го покажува и фактот што во својата изборна програма истиот, нема предвидено изградба на ваков мост, туку единствено изградба на пешачки мост над реката Вардар, стои во реакцијата и се додава:
„Шилегов и по пет месеци како градоначалник нема ниту еден свој проект. Граѓаните на дело ја гледаат безидејноста и неспособноста на Шилегов“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа