Ахмети: Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за нас
Потребен е компромис за решение на името, Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за нас, Албанците, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, јави дописникот на Канал 5 од Атина.
- „ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја. Ние сме од таму и не интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку има одговорност и Муса Џафери како вицепремиер или јас како претседател на најголемата парија што ги претставува Албанците во земјата“, објаснува Ахмети за Катимерини.
- „Верувам дека целиот политички врв во ФИРОМ знае дека имаме само 2 патишта. Изолација и интеграција. И јас сметам дека треба да го одбереме патот на интеграција а не на изолација, бидејќи изолацијата ќе не одведе до сиромаштија, разочараност, конфликти, регионални или меѓуетнички“, вели Али Ахмети за Катимерини, пренесе Канал 5.